Маричиќ: Да составиме Закон за преговори според кој Владата ќе се повлече од преговорите ако се отвори прашањето за идентитетот

од Vladimir Zorba
459 прегледи

„Преговорите ги води Владата во секоја држава, но Собранието и опозицијата имаат силна улога. Понудивме и претходно, а сега актуелизираме, заедно да составиме Закон за преговори со ЕУ каде ќе бидат наведени сите грижи и Владата да се обврзи да не се преговара за идентитетот и јазикот. Ако ЕУ го отвори тога прашање, тогаш Владата да има обврска веднаш да се повлече од преговорите“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Канал 5, пред средбите на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ.

Тој додаде дека со овој закон ќе се дефинира зајакнатата улога на опозицијата и Собранието, како и преговарачкиот тим, со цел сите да имаат доверба во него, за тој да може да го надмине мандатот на било која влада.

„Имаме повеќе нивоа на комуникација со ВМРО-ДПМНЕ изминатите денови, секојдневно комуницираме и на ниво на високо раководство и во ВМРО-ДПМНЕ постои расположение дека во овој процес во кој се обидоа да влезат наидоа на отворена врата и сега е време да работиме и сите да излеземе како победници“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека ова е момент за обединување бидејќи се работи за остварување на стратешка цел на државата.

„Има волја во ВМРО-ДПМНЕ, сега е битно да излезат од досегашните позиции и не е важно кој што зборувал до сега, туку од утре како ќе се однесуваме и дали ќе ја искористиме оваа шанса што ја имаме“ рече Маричиќ.

Слични содржини