Маричиќ: Почитувањето на културната различност е европска вредност со која го јакнеме македонското општество

од Nikola Popovski

По повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ преку социјалните мрежи упати честитка до припадниците на влашката заедница во Република Северна Македонија.

„Влашката култура, традиција и обичаи се трајно и коренито втемелени во македонската историја и се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество, со значаен општествен и културен придонес во современата македонска држава. Ова нè обврзува да продолжиме да работиме на благосостојбата и просперитетот на нашата земја и со заеднички сили да ги надминеме предизвиците на европскиот пат за да успееме во исполнувањето на стратешката цел, Северна Македонија да ја направиме членка во ЕУ”, порача вицепремиерот Маричиќ.

„Почитувањето на културната различност е европска вредност со која го јакнеме македонското општество”, истакна Маричиќ со уверување дека ќе „продолжиме заедно го чуваме вековниот стремеж за зачувување и промовирање на влашкиот јазик, култура и традиција”.

Слични содржини