Благодарен сум за довербата од делегатите на Конгресот на СДСМ, ми претставува чест и мотивација да бидам кандидат за пратеник во изборната единица 1, сподели вицепремиерот, Бојан Маричиќ.
„Членовите и поддржувачите на СДСМ, демократите, прогресивните, тоа се граѓаните кои се борат за европски вредности и кои се бореа за сите позитивни промени од независноста наваму.
Затоа, со сето знаење, со цела сила и моќ ќе ги водиме овие избори кон победа за европска иднина за сите нас. Нема откажување, намало и нема да има.
Полноправно членство во ЕУ за Северна Македонија е нашата мисија која ќе ја исполниме до 2030 година.
Низ кампањата пред нас ќе го чуеме секој македонски граѓанин и пред секого ќе го презентираме нашиот план за европска Македонија.
Да не ја бараме Европа надвор од нашите домови, да ја стигнеме ЕУ надградувајќи го нашето општество по европски стандарди“, сподели, меѓу другото, Маричиќ.