Маричиќ: Пораката од Блед е дека работите во ЕУ се менуваат кон поповолно за нас

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Пораката испратена од Бледскиот стратешки форум е доволен сигнал дека работите во ЕУ се менуваат кон подобро, кон поповолно за нас и што побрзо ги завршиме нашите обврски, толку побрзо ќе се најдеме во групата на следни членки на ЕУ, изјави за МИА вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Додаде дека говорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го гледа како една сериозна пресвртница во политиката на ЕУ кон проширувањето бидејќи за првпат после претходното проширување имаме временска одредница која што официјално лице на ЕУ ја претставува како можен термин за наредно проширување.

Ваквиот сигнал од ЕУ, според Маричиќ, треба да се искористи и би било жално доколку ја пропуштиме шансата и се блокираме самите себеси.

– Тоа е многу важен сигнал од ЕУ што ние мора да го искористиме. Тоа значи дека сите напори што ги вложуваме сега, оваа година, сите напори за кои што ни велат дека брзаме, се оправдани и и сакаме да го фатиме возот, да ја фатиме оваа можност што ни се дава, вели Маричиќ.

Слични содржини