Маричиќ со најостра осуда за синоќешниот терористички напад во Брисел

од Nikola Popovski

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ најостро го осудуваат смртоносниот терористички напад што се случи синоќа во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Белгија и Шведска.

Вицепремиерот Маричиќ изразил најдлабоко сочувство кон семејствата и блиските на загинатите и го осудуваат овој суров напад, со што се врши обид да се наруши мирот и безбедноста на граѓаните.

Маричиќ синоќа стапил во контакт со мисијата во Брисел и со државната секретарка во СЕП, Дрита Абдиу Халили која ја предводи македонската делегација на тридневниот билатерален скрининг состанок за Поглавје 11, „Земјоделство и рурален развој“, при што информираме дека ниту еден член не бил загрозен во текот на овој напад.

Слични содржини