Маричиќ: Стево Пендаровски е кандидатот со најдобри шанси да победи и да ја носи државата во правец на европските интеграции

од Radmila Tasevska
466 прегледи

„Во овој момент е одговорно да биде избран претседател за да имаме една стабилна институција која ќе го гарантира патот на државата во вистински правец. Би било одговорно во вториот круг да се поддржи оној кандидат кој има најдобри шанси да победи и да ја носи државата во правецот на европските интеграции, а тоа е Стево Пендаровски“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека на денот на вториот круг од претседателските избори и на денот на парламентарните избори, на 8 мај, ќе се сретнат интересите на сите проевропски сили и партии, а тоа е по тој ден да има претседател избран од проевропските сили и мнозинство за влада што ќе го продолжи патот по таа насока.

„Антиевропската идеја е губитничка и не внесува во тунел од кој нема да излеземе уште 15 години. Илузиите на ВМРО-ДПМНЕ дека можеме со еднострани наши одлуки да ревидираме нешто што цел свет го верификувал нема да донесе ништо плус. Затоа сум сигурен дека и на овие избори, коалицијата предводена од СДСМ ќе има успех и ќе биде столб на следната влада“ рече Маричиќ.

Слични содржини