Маричиќ: И предност и слабост е што за прв пат блокадата на патот кон ЕУ е во наши раце

од Vladimir Zorba
264 прегледи

„И предност и слабост е што за прв пат блокадата е во наши раце. Досега имавме соседи што нè блокираа. Преспанскиот отклони една блокада, францускиот предлог отклони друга блокада, но со него не зависиме од волјата на бугарските влади, одлуката е на наш терен. Во нашето собрание. Затоа, секој пратеник ќе има одговорност да објасни зошто неговата земја не добила шанса да стане дел од ЕУ“, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за „Фронтлајн“.

Маричиќ е задоволен од досегашниот тек на скринингот, но тврди дека и Брисел е задоволен бидејќи Северна Македонија има подготвени презентери кои реално ја претставуваат состојбата во институциите од каде доаѓаат.

Европа не може да биде излажана вели тој, затоа што таа добро ги познава состојбите кај нас, а тоа се гледа и од извештаите кои ги презентира секоја година.

„Имаме одлично темпо на скринингот. Од ноември почнавме и со билатералниот скрининг и сме во фаза каде ние даваме отчет како ние сметаме дека сме се усогласиле, што ни преостанува и во кој рок тоа би го направиле. Поминавме три поглавја, јавни набавки, статистика и 24. Од средата почнавме со поглавјето 23 кое е многу важно поглавје кое заедно со 24 се оние кои се суштински дел од преговорите што се отвораат на почетокот се затвораат на крајот и се цело време отворени при што промената на системот треба да биде највидлива“, истакна Маричиќ.

Слични содржини