Марин: Финска сака да ја види С. Македонија како дел од ЕУ

од Nikola Popovski
219 прегледи

Финската позиција е јасна. Ние сме во полза на проширувањето. Сакаме да се случи напредок и С. Македонија и Албанија како стануваат земји-членки на ЕУ. Унијата треба да се осигура дека ситуацијата нема да остане замрзната, треба заедно да дискутираме за прашањето со Бугарија, изјави финската премиерка Сана Марин како одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Марин информира дека неделава ќе имаат состанок каде што ќе дискутираме за статусот на Украина и Молдавија и според неа, важно е да се дискутира за ситуацијата со Западен Балкан и дека сите прашања треба да бидат решение.

-Позицијата на Финска е многу јасна – сакаме да ве видиме како дел од ЕУ во иднина и сакаме сите да се движиме напред, повтори Марин на прашањето дали финската влада го видела и како го коментира францускиот предлог за преговарачката рамка на С. Македонија со ЕУ.

Слични содржини