Маринакис: Европската перспектива на С. Македонија останува затворена сѐ додека не ги почитува преземените обврски

од Nikola Popovski
167 прегледи

Европската перспектива на соседната земја останува затворена, сѐ додека не ги почитува обврските што ги има преземено со Договорот од Преспа, изјавил денеска портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Владиниот портпарол потсети дека партијата на грчкиот премиер Кирјакос Мицкотакис, Нова демократија не гласаше за Договорот од Преспа, бидејќи, како што рече, содржи пропусти во заштитните мерки и одредбите.

-Исто така, (Мицотакис) предупреди дека неговото прекршување или селективното почитување не само што го поткопува кредибилитетот на сите напори за решавање на отворените прашања во Западен Балкан, туку и ја загрозува безбедноста во поширокиот регион, рекол Маринакис и додал дека грчкиот премиер во неговото обраќање посочил и дека „Pacta sunt servanda“, односно дека договорите мора да се почитуваат.

Грчката опозициска партија СИРИЗА недвосмислено го осудува, како што велат, новото кршење на Договорот од Преспа од страна на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Од партијата ја повикуваат тамошната влада на Мицотакис „конечно да се разбуди од дипломатска летаргија во која западна и да ги преземе предвидените дејствија, со цел Владата на Северна Македонија да се соочи со своите одговорности“.

Грчките медиуми забележуваат дека Мицкоски својата земја ја нарекол – Македонија, а неговата влада – македонска, стои во реакциите веднаш по вчерашниот говор на македонскиот премиер на Самитот на НАТО во Вашингтон.

На ваквите написи претходеше и изјавата на Мицотакис кој истакна дека е сериозно загрижен од тоа што новата Влада на Северна Македонија во внатрешната комуникација сè уште се нарекува Република Македонија.

Слични содржини