Семејството на Марк Цукерберг се зголемува со уште еден член. Ова го соопшти самиот Марк во својот профил на Facebook. Основачот на социјалната мрежа објави дека тој и неговата сопруга Присила Чан очекуваат второ дете, повторно девојче.
Двојката веќе има една ќерка, Макс.
“Присила и јас сме среќни да споделиме дека очекуваме уште едно бебе, девојче. По нашите тешкотии да ја имаме Макс (нивната прва ќерка), ние не бевме сигурни што да очекуваме и дали ќе имаме можност за уште едно дете “, напиша Марк во статусот.
“Кога Присила и јас разбравме дека таа е бремена повторно, нашата надеж прво беше тоа да е добро. Мојата втора надеж беше пак да е девојче. Не можам да замислам поубаво нешто од тоа да имаш сестра и сум многу среќен што Макс и бебето ќе бидат заедно “, дополнува милијардерот.
И Марк и Присила имаат сестри и двајцата споделуваат дека не би биле тоа што се, без поддршка на жените во нивните семејства.
“Ние сме подобри луѓе, поради силните жени во животот- сестри, мајки и пријатели. Немаме трпение да се појави нашето ново бебе и да го направиме најдоброто, на што сме способни за да одгледаме уште една силна жена “, вели Марк.
Марк и Присила го пречекаа своето прво дете заедно, Макс во 2015-та година.