Пилотот на Јамаха, Јоан Жарко, ќе започне од пол-позицијата во претпоследниот круг од календарот на МотоГП во Малезија поради казна на Марк Маркез.
Шпанецот, кој ја освои титулата во Јапонија, беше најбрз во квалификациите, но подоцна беше казнет поради блокирање на последната обиколка на пилотот на Сузуки, Андреа Јаноне. Маркез го направи тоа излегувајќи од боксот, откако имаше несреќа на крајот од квалификациите и мораше да го промени својот мотцикл.
По завршувањето на сесијата, која беше одложена за еден час поради поројниот дожд, Маркез се оправда со тоа дека не го видел Јаноне.
Казната не е важна, направив најбрз круг и тоа е најважното нешто за мене“, додаде Маркез.
Тој веќе беше казнет за блокирање на пилот во квалификациите во САД оваа сезона и потоа беше испратен на четвртата позиција. Откако неговото прекршување се повторува, овој пат санкцијата е построга и Маркез ќе мора да започне седми.