Марковска: Решение за Законот за државјанство кое ќе биде прифатливо за сите

од Nikola Popovski

„Во време на пандемија, треба своите лични интереси да ги оставиме на страна. Сега е моментот кога Собранието и пратеници треба да работат во полн капацитет, за да се носат закони и да помогнат на стопанството и граѓаните, што ја очекуваат нас“, изјави пратеничката од СДСМ, Даниела Марковска за емисијата „Утрински брифинг“, на прашањето за блокадата на Парламентот од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За денешната средба на премиерот Зоран Заев со лидерите на коалицијата Алијанса и Алтернатива во врска со Законот за државјанство, Марковска потенцира дека ставот на СДСМ е јасен, да се изнајде решение, за сите граѓани да имаат свое државјанство.

„Очекувам денес да се изнајде решение, кое би било прифатливо за сите“, вели Марковска.

Денеска се очекува албанската опозицијата и власта да одржат средба на која заеднички ќе изнајдат решение за Законот за државјанство.

Некои од критериумите се: наследство на државјанство од родители родени во Северна Македонија, преку брачно наследство, врз основа на дозвола за престој, преку привилегирачки одредби,ученичките книшки, здравствените, работничките и штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Северна Македонија.

Ако се постигнат договор, наредните денови се очекува донесување на законите од четвртиот и петтиот пакет мерки, како и други закони, замрзнати со филибастеринг.

Слични содржини