Марковски: Кај ВМРО-ДПМНЕ се е по старо, ја бранат фотелјата на бегалецот Груевски

од Nikola Popovski
205 прегледи

„На граѓаните се уште им се свежи сеќавањата кога вооружени насилници упаднаа во Парламентот и се обидоа да убијат пратеници, новинари и вработени во собраниските служби, насилници кои дивееја во Законодавниот дом и пред очите на домашната и светската јавност тепаа пратеници, кршеа, уништуваа, се обидоа да ја погазат волјата на народот и ја доведоа државата на раб на граѓанска војна. Не го бранеа Уставот, туку ја бранеа фотелјата на бегалецот од правдата Никола Груевски. Така беше и вчера. Предводени од Мицкоски, кој и самиот беше дел од толпата пред Собранието на крвавиот четврток, застана токму зад овие осудени насилници, застана на браникот на криминалот и насилството“, вели Александар Марковски од СДСМ, член на Извршен одбор на ОО Струмица.

Според него, граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на ВМРО ДПМНЕ и затоа се казнети шест пати за четири години. Тоа најдобро го препознаваат и граѓаните на нашата Струмица, кои четири пати едноподруго ги испраќаат во вечна опозиција. Граѓаните знаат да проценат кој шири лаги и ја блокира државата.

„Заради нивните деструктвни политики уште долго ќе останат во опозиција и на браникот на регресот и криминалот. Така ќе биде и на претстојните локални избори во Струмица. Ќе продолжат да ги греат опозициските столчиња, бидејќи граѓаните памтат, граѓаните знаат и не простуваат“, соопшти Марковски.

Слични содржини