Марокански државјани фатени во кругот на касарната „Илинден“

од Nikola Popovski
600 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека Мароканци биле затекнати во кругот на касарната „Илинден“.

На 30.06.2023 во 18.00 часот во касарната Илинден од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Ф.А.(26) и М.Е.(21), двајцата од Мароко, кои претходно од вработените биле затекнати во кругот на касарната.

Мароканските државјани биле спроведени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.

Слични содржини