Мароко ќе потроши 11,7 милијарди долари за реконструкција по земјотресот

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Мароко планира да потроши најмалку 11,7 милијарди долари на план за реконструкција по земјотресот во следните пет години, соопшти во средата кралската палата.

Повеќе од 2.900 луѓе ги загубија животите во катастрофалниот земјотрес на 8 септември, чија магнитуда беше 6,8 степени според Рихтеровата скала.

Подрачјата погодени од земјотресот се меѓу најсиромашните во Мароко, со многу оддалечени села без соодветни патишта и јавни услуги. Планот за реконструкција ќе опфати 4,2 милиони луѓе во најтешко погодените провинции Ал Хауз, Чичауа, Тарудант, Маракеш, Уарзазате и Азизлал, соопшти кралската палата по состанокот со кралот Мохамед Шести со владини и воени претставници.

Планот вклучува редомување и надградба на инфраструктурата на начин кој е поволен за социјален и економски развој во подрачјата погодени од земјотресот, се вели во соопштението.

Како што е најавено, овој план ќе се финансира од државниот буџет, меѓународна помош и фонд формиран по земјотресот. Фондот досега има собрано околу 700 милиони долари донации.

Слични содржини