Астрономите открија дека Марс има „магнетна опашка“, соопшти Лајф. Откритието може да придонесе за откривање на мистеријата на исчезнувањето на магнетното поле на црвената планета.

Анализа на податоци испратени од опрема со преосетливи сензори од вселенскиот апарат „Мејвн“ (MAVEN – Mars Atmosphere and Volatiles Evolution – Еволуција на атмосферата и испарливите материи на Марс) на НАСА, покажале дека има остатоци од магнетното поле околу Марс и затоа се формирала „магнетна опашка“ зад планетата.
Како што забележува НАСА, формирање на предметната „магнетна опашка“ е овозможена од страна на сончевиот ветер – поток од јонизирани честички, кој, според мислењето на научниците, пред неколку милијарди години го лишил Марс од планетарните магнетни полиња.
Научниците засега не утврдиле што претставува „Марсовската магнетна опашка“ – аномалија или остатоци од претходно неистражени карактеристики на планетата. Астрофизичари и планетолози забележуваат дека отворените „вртежи“ се единствени, бидејќи по својата структура значително се разликуваат од магнетосферата на Земјата, на Јупитер и Сатурн.