Марш против дигиталните учебници: Родители бараат настава во училница и книги за секое дете

од Берта Китинска

Јавноста поделена, откако Министерството за образование и наука ги најави реформите кои треба да започнат со следната учебна година. Несогласувањата со идејата да се воведат дигитални учебници, коишто треба да ги заменат печатените, ескалираа со делумен бојкот во училиштата.

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ до Министерството за образование минатата недела поднесе барање со осум точки, но бидејќи од министерството немалe слух за нивните барања најавија протест.

„Следен чекор кој ќе го преземеме е организирање на протестни маршови во сите градови ширум земјава. Па така, во сабота во 12 часот започнуваат протестите како во главниот град, така и во сите други“, рече Драгана Спасевска, претставник на иницијативата и најави дека ќе поднесат и барање за задолжителен референдум за измените на законот за учебници.

Од следната година само четвртоодделенците ќе имаат можност за комбиниран модел на учебници и материјали за учење.

Дел од учебниците ќе бидат печатени, дел од нив ќе бидат овозможени во дигитална копија, дел од нив испечатени на брајово писмо, како и аудио верзија од сите учебници, за да што поголем број на ученици да имаат пристап до учебници, најави Министерката за образование и наука, Мила Царовска во своето излагање пред пратениците во Собранието.

Слични содржини