Со Си Џинпинг, кој може да остане на неодредено време на власт, Кина ќе се приклучи кон растечката група земји, со авторитарни влади. Експанзијата на режимите, под раководство на силна рака, го доведува во прашање западниот демократски модел, пишува АФП.
Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган, Виктор Орбан, Абдел Фатах ас Сиси, Родриго Дурте… Овие владетели, според многу демократски избрани лидери, се попатен ветер во платната на политичкиот нелиберализам – концепт за управување, неповолен за заштита на правата на човеко, исправен против властите.
А токму тоа го става под прашање моделот на либерална демократија – комбинирање на демократски избор на лидери и јавни слободи загарантирани со владеењето на правото.
Овие режими го „отфрлаат демократскиот модел, во кој ние (на Запад) сме израснале и кој го сметаме за нормален, но очигледно не е, затоа што од гледна точка на човечката историја, тој не постои од толку одамна“, изјави за АФП британскиот истражувач на Кина во Универзитет Оксфорд – Џорџ Магнус.
Освен тоа срцето на либералните демократии – САД и Европа – е прободено од изборот на Доналд Трамп или референдумот за „Brexit“ – трендови кои не се поволни за либералниот аспект на демократското управување.
„Сигурно е дека клубот на управуваните демократии се зголемува“ и дека Кина е „истакнат член“ на овој нов „внатрешен круг“, кој не се согласува САД да имаат водечка улога во светската дипломатија, вели Керолајн Галактерос, доктор на политички науки и раководителка на консултантската компанија „Планетинг“.
„Влогот за овие држави е да ја прекинат врската меѓу економскиот и финансискиот развој – што во многу односи се потпира на принципите на глобалниот либерализам и глобализацијата – и политичката и социјалната контрола над нивните народи… За да ја избегнат судбината на Русија од 90-тите години“, која пропадна длабоко по колапсот на СССР“, објаснува Галактеро.

Во почетокот на 90-тите години, мислители како Френсис Фукујама се прашуваа дали човештвото се приближува кон „крајот на историјата“ со неизбежното воспоставување на либералната демократија, која го победила комунизмот и диктатурите.
Но, пред крајот на деценијата, Фарид Закарија напиша во списанието „Foreign Affairs“ за појавата на „либералната демократија“ во режими, сместена во демократски калап.
И тоа продолжува – некои земји постепено се лизгаат кон нелиберализмот откако избраа авторитарни лидери, како што се случи во Турција или Унгарија.
„Од гледна точка на управувањето со меѓународните односи тоа е многу опасна ера за застапници на либералната демократија“, смета Магнус. Тие несомнено размислуваат како да се справат со овој феномен, додава тој.
Голем број лидери „во создадените либерални демократии го користат незадоволството (против глобализацијата, автоматизацијата, миграциите и сл)“, смета Кенет Рот, директор на невладината организација „Human Rights Watch“.
„Важно е демократските (либерални) лидери да ја истакнат неодржливоста на автократските политички програми“, изјави тој за АФП. Покрај тоа, „Кина покажа економска помош на редица други автократи во светот“, на пример Пекинг одржува значителни економски врски со Венецуела и Зимбабве.
Предупредувањето на Макрон
„Нелибералното искушение е нешто, на што треба да обрнеме сериозно внимание. Тоа е несомнено една од битките кои Франција, но и Европската унија ќе треба да ја водат во 2018 година во голем број земји-членки“, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон во јануари.

Источна Европа е една од сцените на спротиставувањето меѓу управувачките модели – на пример Виктор Орбан во Унгарија или Полска, критикувана од ЕУ дека го поткопува владеењето на правото. Кина „обработува оваа нивоа“ со својот дипломатски формат 16 + 1 – меѓу Пекинг и 16 земји од Централна и Источна Европа, како и со проектот за „новите трговски патишта на свилата“.
„На крајот земјите од Источна Европа неможе да не се сеќаваат дека излегле од ситуацијата во која се уште беа во 90-тите години, благодарение на атрактивноста на западноевропскиот модел, колку и несовршен да е тој или расипани од „американска удобност“, според критиките што доаѓаат од Кина и други насоки.
Но, еден од проблемите на либералните демократии може да произлезе од нив. Според Рот пример „очигледно е дека американската влада веќе не е мотор на либералната демократија, откако претседателот Трамп оди против билансот на неговата власт – новинари, судии, активисти“, додава Рот.