Францускиот фудбалер Антони Марсијал до крајот на сезоната ќе игра за Севиља како позајмен играч на Манчестер Јунајтед, соопшти шпанскиот клуб.
Искусниот напаѓач пристигна во Манчестер Јунајтед во 2015 година и постигна 79 гола на 269 натпревари. Марсијал кариерата ја започна во Лион, а пред Јунајтед настапуваше и за Монако.
Севиља оваа сезона игра одлично во Примера и има 46 бода, четири помалку од лидерот Реал Мадрид.