Марсијал за Рангник: Не ја кажа вистината

од Vladimir Zorba
367 прегледи

Во моментов Манчестер Јунајтед има двоцифрена бројка на играчи кои побарале да си заминат во јануарскиот преоден рок.

Дин Хендерсон, Ерик Баи, Дони ван де Бик…, се само дел од незадоволните, а прв кој „го крена гласот“ е Ентони Марсијал.

Французинот уште во декември најави дека планира да оди некаде каде што ќе има поголема минутажа, во еден момент беше блиску до преселба во Севилја, но го продолжи проблемот околу деталите за позајмицата. Затоа се уште е на „Олд Трафорд“, но е далеку од тимот.

„Тој одби да биде во тимот за мечот со Астон Вила. Нормално ќе се натпреваруваше за тимот, но не сакаше и тоа е причината што не отпатува со нас во Бирмингем“, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник.

Марсијал веднаш демантираше:

„Тоа не е точно, никогаш не одбив да играм за Манчестер Јунајтед. Тука сум седум години и никогаш не сум покажал непочитување кон никого во или околу клубот“, изјави Марсијал.

Марсијал не е стартер во Премиер лигата од 2 октомври, а од 2 декември и дуелот со Арсенал не бил во составот.

Сега тој требаше да го пополни бројот на резервни играчи (Јунајтед имаше само шест од нив во ремито против Астон Вила – 2:2), но според Рангник, фудбалерот одбил …

Севилја и Јунајтед преговараа со денови, но непремостливата пречка беше платата на Марсијал. Севилја која го сакаше играчот на позајмица беше подготвена да плати половина од неговата плата, што не му одговараше на гигантот од „Олд Трафорд“.

Има доволно време Марсијал да го напушти клубот до крајот на јануари, но ниту една понуда не е доволно добра во моментов. Покрај Севилја го посакуваат и Барселона и Њукасл.

Во Јунајтед е од 2015 година и на 268 натпревари постигна 79 гола.