Мартин Попов именуван за шеф на Кабинетот на новиот премиер

од Nikola Popovski
404 прегледи

На денешната владина седница, покрај новите вицепремиер и претседателоте и членовите на основните комисии на Владата, беше избран и шеф на Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски.

На оваа конститутивна седница за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата е именуван Мартин Попов.

Попов е советник во град Скопје и беше организациски секретар на СДСМ.

Тој едно време го предводеше Центарот за анализи и истражувања на СДСМ.

Слични содржини