Дафи изработи креативна маса од стаклена површина, која се потпира на десетина црвени балони што се врзани со испреплетени бели врвки. Масата „Up balloon coffe table“ изгледа интересно и неверојатно истовремено, создавајќи чувство на лесен елемент кој само што не започнал да лебди во воздухот.


Површината на масата е изработена од стакло, додека, пак, балоните, кои, освен црвени, може да бидат и златни и сребрени, се изработени од метал и цврсти челични тркалца.



