76
Жителка на северниот англиски град Њукасл загина откако беше нападната од 11 мажи, пренесе Скајз. Џоди Вилкинсон (27) и со две години помладиот нејзиниот придружник беа нападнати на улица во градот од група мажи со ножеви во понеделникот вечерта. Двајцата повредени биле транспортирани во локалната болница, каде што жената починала од повредите. Нејзиниот придружник е отпуштен од болницата.
За случајот се уапсени петмина мажи меѓу 18 и 25 години. Полицијата во Њукасл бара другите учесници во кривичното дело.