Масакр во САД, убиени најмалку 10 лица! Хаотични сцени (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Десетина лица беа убиени во понеделникот во пукање во продавница во градот Болдер, Колорадо, што е втор масакр во САД за помалку од еден ден.

Шефот на полицијата во Болдер, Марис Херолд потврди дека во нападот врз трговскиот центар Кинг Соперс загинале десетина лица и дека меѓу нив бил и 51-годишниот полицаец Ерик Тејли, кој прв реагирал на дојавата за пукањето.

Кога напаѓачот започнал да пука, преплашените клиенти и вработените започнале да бегаат низ продавницата, додека бројни полициски екипи започнале да пристигнуваат на местото на настанот.

Осомничениот, кој отворил оган, бил уапсен, соопшти полицијата претходно, наведувајќи дека не е познат мотивот за насилството што се случило околу 15 часот во продавница за храна во областа Болдер, град на околу 45 километри северозападно од Денвер.

Слични содржини