МАСАКР ВО УЧИЛИШТЕ ВО РУСИЈА: Тинејџер уби соученици и наставник! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
548 прегледи

Најмалку девет лица, вклучувајќи осум деца и наставник, беа убиени во пукање во училиште во Казан, Русија.

Полицијата уапси тинејџер, кој е осомничен дека влегол во училиштето вооружен со автоматска пушка и отворил оган.

– Полицијата уапси тинејџер за кој постои сомневање дека го започнал пукањето – соопшти полицијата, додавајќи дека младиот човек има околу 17 години.

Медиумите јавуваат дека станува збор за ученик на училиштето и дека пукал кон неговите соученици.

Според непотврдени информации, во пукањето учествувал уште еден напаѓач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Георгиевск (@georgievsk_ru)

Руските медиуми наведуваат дека дошло и до експлозија во училиштето.

Според надлежните, на местото биле испратени повеќе од 20 амбулантни возила.

Слични содржини