170
Заталкан куршум оштетил две возила во селото Добридол, информираа од полицијата.
Според МВР, на 07.01 во 15:30 часот било пријавено дека во село Добридол, гостиварско, на паркинг од заталкано зрно од огнено оружје биле оштетени две патнички возила: „масерати“ со хрватски национални ознаки, сопственост на правно лице, паркирано од А.М.(26) од село Добридол и „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.(28) од истото село.
-Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.