8
Американскиот милијардер Елон Маск го повтори своето противење на даночните и буџетските кратења на американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека законот, кој републиканските сенатори брзо се обидуваат да го донесат, ќе уништи работни места и ќе го запре развојот на растечките индустрии.
„Најновиот закон во Сенатот ќе уништи милиони работни места во Америка и ќе предизвика огромна стратешка штета на нашата земја. Тој ги субвенционира индустриите од минатото, а воедно сериозно ги загрозува индустриите на иднината“, напиша Маск на платформата X.
Извршниот директор на Тесла и СпејсИкс, кој вчера го прослави и својот роденден, подоцна објави дека законот ќе биде „политичко самоубиство за Републиканската партија“.