Американскиот бизнисмен Илон Маск и дел од новата администрација на Доналд Трамп го пофали составот на руската делегација која пристигна во Ријад на преговори со САД околу ставање крај на војната во Украина.
„Вака изгледа компетентно раководство“, напиша Маск на својата социјална мрежа „Х“, коментирајќи ја веста за доаѓањето на руската делегација.
This is what competent leadership looks like https://t.co/frZrdhsEzZ
— Elon Musk (@elonmusk) February 17, 2025
По пристигнувањето во главниот град на Саудиска Арабија, Ушаков за телевизијата „Русија 24“ изјави дека нивна главна задача е да започнат вистинска нормализација на односите меѓу САД и Русија.
-Руската делегација на преговорите дојде со сериозен пристап, рече тој.
Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков отпатуваа во Ријад на разговори со американски претставници.