361
Сопственикот на „Твитер“, Елон Маск, посочи дека како дел од новите промени на оваа социјална мрежа, Твитер наскоро би можел да го зголеми бројот на карактери по твит од 280 на 4.000.
На прашањето на еден од корисниците дали постои таква опција, Маск одговори со „да“.
Во ноември, Маск откри дека планира да го подигне лимитот на карактери на 1.000, но очигледно таа бројка би можела да достигне и до 4.000 карактери.