Маск објасни зошто го купил „Твитер“

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Милијардерот Елон Маск, кој стана сопственик на „Твитер“, објасни дека ја купил социјалната мрежа не за да заработи пари, туку за да му „помогне на човештвото“.

„Причината поради која го купив Твитер е тоа што за иднината на цивилизацијата е важно да постои ‘дигитален плоштад’, каде што може да се дебатира за широк спектар на верувања на здрав начин, без прибегнување кон насилство“, напиша Маск.

Тој додаде дека во моментов постои голема опасност социјалните мрежи да се поделат на екстремно десни и екстремни леви, што создава омраза и поделеност во општеството.

„Во немилосрдната трка по кликови, повеќето традиционални медиуми ги подгреаа тие поларизирани крајности, верувајќи дека тоа ќе им донесе пари, но на тој начин се изгуби шансата за дијалог“, пишува новиот сопственик на Твитер.

Маск наведува дека затоа ја купил социјалната мрежа.

„Не го направив тоа затоа што ќе биде лесно. Не го направив тоа за да заработам повеќе пари. Го направив тоа за да му помогнам на човештвото, кое го сакам. И тоа го правам понизно, бидејќи знам дека неуспехот да се постигне таа цел, и покрај нашите најдобри напори, е многу реална можност“, вели основачот на „Тесла“.

Тој додава дека Твитер „не може да стане пекол на целосна слобода каде што може да се каже се без последици“.

„Придржувајќи се до законите на земјата, нашата платформа мора да покаже добредојде за секого и на неа секој треба да може да избере што сака според нивните преференции“, заклучува Маск.

Најбогатиот човек на светот и претходно често изјавуваше дека е застапник на слободата на говорот, бидејќи, како што изјави, таа е „суштинска за функционирањето на демократијата“.

Меѓутоа, кога се појави можноста Маск да го преземе „Твитер“, група влијателни невладини организации ги повикаа огласувачите на социјалната мрежа да се повлечат доколку најбогатиот човек стане сопственик.

Слични содржини