Милијардерот Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, се огласи на оваа популарна социјална мрежа и објави дека новата политика на компанијата е слободата на говорот.
– Новата политика на Твитер е слобода на говор, но не и слобода на дофат. Негативните и твитови со омраза ќе бидат максимално отстранети и демонетизирани, така што нема да има реклами или други приходи за Tвитер. Нема да најдете твит освен ако конкретно не го побарате, што не се разликува од остатокот од Интернетот – напиша Маск.
New Twitter policy is freedom of speech, but not freedom of reach.
Negative/hate tweets will be max deboosted & demonetized, so no ads or other revenue to Twitter.
You won’t find the tweet unless you specifically seek it out, which is no different from rest of Internet.
— Elon Musk (@elonmusk) November 18, 2022