Маск: „Тесла“ им испорачува бесплатни респиратори на болниците ширум светот

од Aleksandar Petrovski

Американската компанија за производство на електрични возила и чиста енергија, „Тесла, соопшти дека бесплатно ќе испорачува респиратори и друга потребна опрема за болниците ширум светот во екот на пандемијата на коронавирусот.

„Имаме дополнителни респиратори, што ги одобри ФДА. Им ги испорачуваме на болниците ширум светот во регионите на испорака на „Тесла“. Трошоците за уредите и испораката се бесплатни, напиша на Твитер Илон Маск, извршниот директор на компанијата.

Американската Управа за храна и лекови (ФДА), е регулаторното тело и федерална агенција на америнскиот Оддел за здравство и човекови услуги, пренесува агенцијата Анадолија.

„Единственото барање е респираторите веднаш да почнат да се користат за пациентите на кои им се потребни, а не да се чуваат во магацини“, напиша Маск.

Извршниот директор на компанијата ги повика заинтересираните да стапат во контакт со него или компанијата.

Маск минатата недела изјави дека од Кина купиле повеќе од 1.200 респиратори и дека ги испорачале во САД.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, минатата недела потврди дека Маск на својата сојузна држава и подарил 1.000 респиратори.

Слични содржини