Со твит што го поврзува Доналд Трамп со покојниот финансиер и обвинет сексуален престапник Џефри Епштајн, Елон Маск предизвика немири меѓу поддржувачите на сегашниот американски претседател.
Најбогатиот човек во светот, кој ја напушти Белата куќа минатата недела, тврди дека името на Доналд Трамп е во тајни владини досиеја за поранешни богати и моќни соработници на Епштајн.
Администрацијата на Трамп објави дека истражува десетици илјади документи и видеа кои, како што тврди движењето MAGA, кое го поддржува Трамп, ќе овозможи откривање на јавни личности кои се соучесници во злосторствата на Епштајн.
Маск: Трамп е во досиејата на Епштајн
За време на кампањата, Трамп вети дека ќе објави документи поврзани со Епштајн, кој беше близок со голем број американски познати личности.
„Време е да се фрли голема бомба: Доналд Трамп е во досиејата на Епштајн. Ова е вистинската причина зошто тие сè уште не се објавени“, објави Елон Маск на X, среде невидена јавна расправија со претседателот.
Time to drop the really big bomb:@realDonaldTrump is in the Epstein files. That is the real reason they have not been made public.
Have a nice day, DJT!
— Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2025
Демократите покренaa барања за објавување на документи
Според поддржувачите на Трамп, склони кон теории на заговор, луѓе блиски до Епштајн биле вклучени во сексуални злосторства кои биле прикривани од американските функционери.
Тие ги обвинуваат демократите и холивудските ѕвезди, но не и самиот Доналд Трамп – ниту еден официјален извор никогаш не потврдил дека името на претседателот е споменато во некој од документите.
Илон Маск не кажа на кои документи се повикува и не понуди докази во поддршка на неговото тврдење. Но, неговите обвинувања предизвикаа барања за објавување на документите, овој пат од демократите кои сакаат да ги свртат теориите на заговор против поддржувачите на Трамп.
Џефри Епштајн изврши самоубиство во затвор во Њујорк во 2019 година пред да започне неговото судење за сексуална трговија. Тој беше во регистарот на сексуални престапници повеќе од 10 години по обвинувањата дека барал сексуални услуги од десетици малолетни девојчиња, за што беше обвинет за полесни прекршоци.
Една од жртвите изврши самоубиство во април
Доналд Трамп негира дека поминал време на имотот на Епштајн на Девствените Острови, каде што обвинителите велат дека Епштајн бил вмешан во сексуална трговија со малолетници.
Една од жртвите беше Вирџинија Џуфре, која изврши самоубиство во април и го обвини Епштајн дека испратил по неа авион за да има сексуални средби со кралски семејства и политичари додека била малолетна.
Претседателот Трамп изјави во пресрет на минатогодишните избори дека нема проблем со објавувањето на досието на Епштајн. Неговата администрација објави 63.000 страници документи за атентатот врз Џон Фицџералд Кенеди, но не и за Епштајн.
„ПолитиФакт“ ги истражи негирањата на Доналд Трамп и заклучи дека претседателот летал со авионот на Џефри Епштајн седум пати и дека присуствувале на истите вечери во 1990-тите. Но, „ПолитиФакт“ не пронајде докази дека Трамп некогаш го посетил имотот на Епштајн на Девствените Острови.
Трамп претходно го фалеше Епштајн
Доналд Трамп, сосед на Епштајн во Флорида и Њујорк, на почетокот на 2000-тите рече дека финансиерот бил „одличен човек“ и „многу забавно е да се биде со него“ и дека, како и него, Епштајн „сака убави жени“. „Некои од нив се многу млади“, рече Трамп во тоа време.
Илјадници страници од досието на Епштајн беа објавени во 2019 и 2024 година, но тие содржат многу малку докази за нелегалните активности на славната личност.
— Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2025
Но, сите демократи скокнаа на нозе по објавата на Илон Маск.
„Пред еден месец побарав објавување на целото досие на Џефри Епштајн затоа што се сомневав дека државниот обвинител Пам Бонди сака да го заштити Доналд Трамп. Денес, моите сомневања беа потврдени“, напиша конгресменот Ден Голдман на X.
Неговиот колега од Калифорнија, Тед Лиу, праша: „Што крие администрацијата на Трамп?“
Тим Милер, поранешен портпарол на Републиканскиот национален комитет и жесток критичар на Трамп, рече дека „американскиот народ има право да знае дали нашиот претседател е педофил“.