„Масовен напад“: Хакери ја срушија интернет-мрежа во Австрија

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Најголемиот австриски телефонски оператор А1 денес се соочи со голем хакерски напад, кој ја сруши нивната интернет-мрежа.

Неколку часа домашниот интернет беше прекинат низ цела Австрија, а според А1, причината била масовен ДДос напад.

Хакери се обидоа да ги оневозможат серверите на А1 со ДДос напад, во што успеаја некое време.

Проблемот со Интернет следеше во незгодно време, бидејќи тоа се случи кога голем број граѓани работат од дома, а некои ученици се на часови преку Интернет.

Слични содржини