Масовна тепачка на полноќ меѓу две групи на граѓани, интервенирала полицијата

од Nikola Popovski
36 прегледи

Полицијата регистрирала масовна тепачка меѓу групи на граѓани на влез на скопското село Огњанци.

-Денеска (06.08.2025) околу 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влезот во с.Огњанци, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лице(49) и лице(48), од една страна и лице(33), лице(19), лице(19) и лице(40), од друга страна, сите од с.Огњанци, стои во билтенот на МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.