Мата пред Барса: Ќе биде тешко да извлечеме позитивен резултат

од Vladimir Zorba
118 прегледи


Искусниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед Хуан, Мата фрли малку светлина врз начинот на кој англискиот тим се подготвува за претстојниот оваа недела прв четвртфинален дуел против Барселона во Лигата на Шампионите.

Натпреварот ќе се одигра во среда од 21 часот на „Олд Трафорд“, додека Барса ќе биде домаќин на реваншот по 6 дена.

30-годишниот Мата откри дека во тренинзите сега се бара повеќе интензитет, за да биде тимот подготвен да одговори на динамиката која ќе ја понуди противникот.

„Четвртфиналниот дуел против Барселона е – без никакво сомневање – огромен предизвик што ни претстои“, рече поранешниот ас на Валенсија и Челзи.

„Ќе му пријдеме надуелот со возбуда и мотивација. Не може да има друг начин. Ова е една од оние игри за кои сонувате додека сте дете. Мораме да бидеме конкурентни и подготвени за битка, но исто така да уживаме во моментот“.

„Како што можете да си замислите, се подготвуваме во спокојство и ладни умови, но во исто време на тренинзите вложуваме доста интензитет. Сигурни сме дека атмосферата на „Олд Трафорд“ во среда ќе биде неопислива“.

„Влегуваме во овој натпревар по поразот од Вулверхемптон во Премиер лигата, па не е тешко да се забележи дека не се наоѓаме во најдобра форма, но остануваме целосно концентрирани и подготвени. Ќе биде тешко да извлечеме позитивен резултат“, додаде Мата.