Матарела го распушти италијанскиот парламент

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска го распушти италијанскиот Парламент, со што се отвори пат за одржување на вонредни парламентарни избори, јави италијанската телевизија РАИ.

Италијанскиот премиер Марио Драги претходно денеска му ја поднесе оставката на Матарела, соопшти кабинетот на претседателот, пренесе Ројтерс.

Матарела побара од Драги да остане на функцијата вршител на должноста премиер, се наведува во соопштението.

Слични содржини