233
Италија целосно ја поддржува Украина во нејзиниот отпор против руската инвазија, изјави денеска италијанскиот претседател Серџо Матарела при добредојде на украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговата резиденција во Рим.
Матарела му рекол на Зеленски дека му е чест што е во Рим, објави италијанската телевизија.
„Побарав повторно да се видиме по нашиот разговор пред неколку години и во овие различни околности, ние сме целосно на ваша страна“, рече италијанскиот претседател, пренесе Ројтерс.