Матичните лекари бараат други медицински лица место нив да дежураат во новите ковид-амбуланти

од Nikola Popovski
229 прегледи

Матичните лекари со сериозни забелешки до Комисијата за заразни болести откако вчера беше соопштено дека се формираат пет ковид-амбуланти во Скопје и дека тие ќе треба да дежураат во нив.

-Да размисли КЗБ уште еднаш дали е добро да се дестабилизира примарното здравство бидејќи кога еден матичен доктор е сега на смена и во таа смена не одбработи во својата амбуланта и отиде во ковид-амбулантата, тогаш прашање е кој во тој период ќе ги услужи пациентите. Во новите ковид-амбуланти можат да бидат ангажирани луѓето од вакциналните пунктови, специјализантите, да се вработат млади доктори. Не бегаме од работа, но сметаме дека во моментов не сме побарале вакво нешто. Сега речиси сите пациенти се со лесни клинички слики, за разлика од претходно, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вчера информираше дека во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет нови ковид-амбуланти на територијата на градот Скопје.

-Градот е назасегнат со број на новозаразени на ниво на примарна здравствена заштита. Ова ќе биде добро решение за да се скратат проблемите и во делот на дијагностика, но и во процесот на третман и следење на пациентите. Тие пет ковид-амбуланти ќе бидат во просториите на Здравствен дом Скопје и ќе бидат во петте поголеми Клиники во Скопје – Идадија, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Ченто и во Чаир. Ги дефиниравме просторот, опремата и кадарот кои треба да бидат вклучени во реорганизацијата. Со постоењето на овие ковид-амбуланти, ќе се олесни товарот врз матичните лекари и ќе ги направи услугите за граѓаните подостапни, рече д-р Мехмедовиќ на денешната прес-конференција.

Слични содржини