Халфот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ ќе одржи разговор со менаџерот Оле Гунар Солскјер
во наредните денови, откако добил понуди од Милан и Интер. „Нероазурите“, кои се обидуваат да
земат и друг играч на „црвените ѓаволи“ во лицето на Ромелу Лукаку, подготвиле предлог кој
вклучува 10 милиони фунти и белгискиот халф Раџа Наинголан. Оваа понуда сепак едвај го
импресионира раководството на Јунајтед.

По одличниот почеток на кариерата на „Олд Трафорд“, формата на Матиќ значително падна и
минатата сезона 30-годишниот Србин не беше на вообичаеното ниво. Солскјер го зацртал младиот
Шон Лонгстаф од Њукасл за оваа позиција во средниот ред.
атиќ сака да знае од менаџерот до кој степен тој влегува во плановите за новата сезона. Тоа
зависи од тоа дали ќе започне преговори со италијанските тимови. „Црвените ѓаволи“ утре ќе
отпатуваат за Австралија, каде ќе ги започнат предсезонските подготовки. Српскиот ас се очекува
да биде дел од тимот кој ќе лета во Перт, но неговата долгорочна иднина во клубот не е јасна.
Дури и да не е задоволен од настапите на Матиќ, Солскјер едвај би сакал да се раздели со него во
оваа фаза. Тренерот нема доволно играчи за средниот ред. Во оваа зона има и посериозен
проблем, кој се нарекува Пол Погба. Вчера неговиот менаџер Мино Рајола официјално го изјави она
што сите го знаеја – дека Французинот има желба да го напушти „Олд Трафорд“. Ако Погба си
замине, на него исто така треба да му биде баран заменик.