487
Дебра Кристенсен од Окланд, Нов Зеланд се здоби со сериозна повреда кога ја погоди возачот на тротинет Мичел Мекинтајр.
Таа полека излегувала од автобусот, додека мажот на тротинетот наиде со голема брзина. Полицијата наскоро утврдила дека овој дел од тротоарот е забранет за возење затоа што станува збор за зона каде патниците излегуваат од автобус.
Дебра поминала со сериозни повреди и ѝ била дијагностицирана фрактура на колк.
Мажот кој налетал на несреќната жена платил казна од 4.000 долари, а тој е должен финансиски да ѝ помогне на Дебра Кристенсен доколку таа мора да направи операција на колкот.