Маж фатил стјуардеса за задник, доби шест месеци затвор

од Milan1

Канаѓанец е осуден на шест месеци затвор затоа што фатил стјуардеса за задникот на лет од Мексико до Мајами. 50-годишникот беше осуден во федералниот суд во Мајами. Тој уште во октомври се изјасни за виновен за инцидентот што се случил на 8 август.

Инцидентот се случил во моментот кога стјуардеса на летот од мексиканскиот град Канкун до Мајами делела пакетчиња со грицки. Пакетот го оставила во скутот на Канаѓанецот бидејќи мислела дека спие, а кога се свртела, мажот ја фатил за бутовите и задникот, се вели во судските документи.

По инцидентот, на стјуардесите им пришле неколку патници и изразиле шокираност од настанот, додавајќи дека се подготвени да ѝ кажат на полицијата што виделе.

Стјуардесата веднаш извикала и му рекла на човекот да престане, на што тој одговорил со неартикулирано мрморење. Според одлуката на судот, мажот, кој за време на судењето беше на слобода затоа што платил кауција, мора да се јави во затвор до 28 март.

Слични содржини