Маж ја запалил влезната врата на просториите за регрутирање во Санкт Петербург (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Во центарот на Санкт Петербург, неименуван маж ја запалил влезната врата на местото за регрутирање на воениот комесаријат и се обидел со автомобил да ја пробие капијата.

„Во 19 часот и 15 минути на улица Чајковски бр. 55 непознато лице ја запалило влезната врата на воениот комесаријат и со автомобил се обидел да ја пробие капијата“, навеле градските власти на Телеграм, пренесува „Ведомости“.

Се додава дека полицијата го привела мажот, како и дека пожарот бил брзо изгаснат, а не е направена поголема штета.

На крајот на јануари во Русија беше изречена првата казна за палење воен комесаријат врз основа на законот за тероризам. Владислав Борисенко, кој беше прогласен за виновен за терористичкиот напад, е осуден на 12 години затвор и парична казна од 6.000 рубљи (околу 60 евра).

Слични содржини