Невработен маж на улица нашол уред со 2,5 гигабајти нешифрирани пораки за безбедносниот систем на лондонскиот аеродром Хитроу, објави весникот Sunday Mirror.

Неочекуваното откритие за агенцијата ДПА го потврди портпаролката на аеродромот Хитроу.
USB-то содржи сигурносни рути, редови на летање и типови идентификации потребни за пристап до безбедносната служба како и други осетливи податоци.
„Ги проверивме сите наши сигурносни планови и уверени сме дека Хитроу е сигурен“, велат од аеродромот.
„Исто така, покренавме интерна истрага за да сфатиме што се случило и презедовме чекори да спречиме такви случаи“, наведуваат во соопштението.
Според пишувањето на весниците, меѓу податоците на мемориското стикче се сигурносните мерки и рути за кралицата Елизабета II во случај да треба да слета на Хитроу.