Маж се обидел да предизвика пожар во „Света Софија“ – со искинати листови од Библијата

од desk2
32 прегледи

Мажот што се обидел да предизвика пожар во „Света Софија“ во Истанбул, искинал и запалил листови од Библијата, јави турската приватна телевизија НТВ.

За настанот на 11 јули, турските медиуми првпат известија вчера.

На снимките од безбедносните камери на црквата претворена во џамија, стара 15 века, се гледа како по вечерната молитва на муслиманските верници, маж со прикриено лица и црвена шапка застанува до еден од мермерните столбови и пали искинати парчиња хартија на еден од килимите со кои е послан подот.

За кратко време чадот од запалените хартии и килимот под нив го привлекува вниманието на една од посетителките на храмот, која го алармира обезбедувањето, по што доаѓаат неколку од вработените и го гаснат огнот.

Според новите информации, потпалувачот идентификуван само како М.Г. е уапсен, а хартиите со кои се обидел да предизвика пожар се листови од Библија, која претходно ја зел од библиотеката на храмот. Откинал неколку листови, ги попрскал со парфем или тоалетна вода и ги запалил.

Кога М.Г. гледа дека килимот гори, бргу се оддалечува, а потоа надвор влегува во толпата во реонот Султанахмет. Потоа стигнал до својот автомобил, каде се пресоблекол во облеката што ја имал подготвено и заминал, известува турската телевизија.

Претходно тој води сметка да не биде убаво снимен од безбедносните хартии. Парфемот бил пронајден во неговиот дом.

Истрагата продолжува.

Црквата Света Софија во Истанбул била катедрална православна црква цели 916 години, а по освојувањето на Константинопол од Османлиите во 1453 година е претворена во џамија.

Со декрет на Ататурк и решение на турскaта влада во 1934 година е прогласена за национален музеј. На 10 јули 2020 година, со решение на Државниот совет ѝ е одземен статусот на музеј и од истиот ден со указ на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, таа е повторно отворена како џамија.

 

Слични содржини