Маж си ја претепал сопругата, полицијата го приведе

од Nikola Popovski
220 прегледи

36-годишно лице од Демир Капија било лишено од слобода откако сопругата го пријавила  за физички напад, известуваат од МВР.

-Вчера во 18.30 часот во Демир Капија од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.П.(36) од Демир Капија, затоа што, според пријавеното, околу 17 часот во семејниот дом во Демир Капија физички ја нападнал неговата сопруга, велат од полицијата.

Се додава дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини