273
Во текот на вчерашниот ден лице од Струмица со огнено оружје усмртило куче, по што лицето било лишено од слобода.
-На 04.09.2021 во 23,45 часот од полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Т.Г.(59) од Струмица затоа што истиот ден околу 19,55 часот тој со огнено оружје усмртил куче. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопштија од МВР.
Случката беше пренесена и на социјалните мрежи.