Ученик избодел до смрт професорка во Франција

од Radmila Tasevska

Средношколец избодел до смрт наставничка по шпански јазик во училиште во францускиот град Сен-Жан-де-Луз, објави во средата Би-Би-Си.

Локалниот обвинител, Џером Бурие, го потврди нападот за новинската агенција АФП, а локалните медиуми објавија дека се случил на час утрово.

Надлежните потврдија дека полицијата е на местото на настанот заедно со обвинителот.

Ученикот е уапсен. Наставничката, на возраст од педесет години, починала од срцев удар кога во училиштето пристигнала итната помош, објавија локалните медиуми.

Францускиот министер за образование е на пат за Сен-Жан-де-Луз.

Слични содржини