Маж со прострелна рана барал помош во болница во Кочани, детали за случајот

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

На 02.08.2022 околу 03:20 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Хируршко одделение Кочани за укажување на лекарска помош дошол Н.Б.(48) од Кочани, со прострелна рана на дланката, за која изјавил дека е последица од самоповреда.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на место викано „Наддабо“, во село Бели, кочанско, повредениот додека бил заедно со Д.С., испукал со пиштол.

Заради расчистување на случајот Н.Б. е лишен од слобода, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Предвизвикување општа опасност“ казниво по чл.288 од Кривичен Законик, како и Д.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по чл.396 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини