Маж во Грција си го одзел животот откако видел дека по трет пат гори неговиот имот

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Големиот пожар во Грција продолжува да се шири кон Пентелија, Палини, Антуса, Драфија, Гераки. Иако досега нема загинати во пожарот, сепак има една жртва.

Маж бил пронајден мртов, во локва крв и, според полицијата, имал прострелна рана.

Во Антуса маж е пронајден мртов во локва крв во неговата куќа опкружена со оган. Решил да стави крај на својот живот, како што изјавиле неговите блиски за nevsit.gr, затоа што не можел да поднесе по трет пат да гледа како огнот го уништува неговиот дом што го изградил со труд.

За пукањето во куќата во средата наутро (20.07.2022) во 07.10 часот преку Центарот за Итна акција била известена полиција. Полицајците кои веднаш излегле на местото на настанот, во дворот од куќата во локва крв пронашле постар мртов маж и револвер покрај него.

Слични содржини